вторник , 25 јули 2017
01

Каевски ги прими македонските олимпијци – учесници на Олимписките игри за глуви

Денеска во Агенцијата за млади и спорт, директорот, Дарко Каевски се сретна со претставници на Националната спортска федерација на глуви во Македонија.

Пет спортисти од оваа федерација се учесници на 23-те Олимписки игри за глуви, кои ќе се одржат во Самсун, Турција, од 18 до 30 јули, 2017-та година.
Македонски претставници за Олимпијадата за глуви ќе бидат: Андријана Грковска (стрелаштво, дисциплина 10м воздушен пиштол и знаменосец на македонското знаме), Светлан Седмаков (воздушен пиштол 10м), Андреј Стојаноски (пливање, дисциплини 400м слободно, 400м мешано, 1500м), Давор Талевски и Самир Цеховиќ (атлетика, дисциплина 100м и 200м).
Каевски им посака успех на македонските олимпијци кои доаѓаат од една од најуспешните спортски федерации. “Со Вашата храброст, енергија и спортски дух – вие сте веќе победници”, потенцираше Каевски.
Постои потреба за вистинско подобрување на условите во кои спортуваат спортистите, истакнаа претставниците на федерацијата и дополнија дека има можност за организација на сезонски кампови и турнири кои ќе бидат начин за континуиран напредок на овие спортисти.
На приемот се говореше и за започнување на кампања која ќе ги привлече младите спортски таленти со овој тип на хендикеп, со цел полесна нивна социјализација во општеството и притоа да дадат придонес во македонскиот спорт.
Во претстојниот период раководството на Агенцијата за млади и спорт потенцираше дека ќе се интензивира соработката со Националната спортска федерација на глуви во Македонија.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …