недела , 20 август 2017
02

Каевски со младите: Партнерски однос за решавање на младинските проблеми

Во Скопје се одржа Конференција за млади Патоказ за младински приоритети, во организација на Националниот младински совет на Македонија, Младински образовен форум и Млади европски федералисти.

Во првиот дел од панел дебатата учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со Блажен Малески (претседател на НМСМ), Кристине Д. Алтхаузер (Амбасадорка – Германската амбасада во Република Македонија) и Кристијан Тимониер (Амбасадор – Француска амбасада во Република Македонија).

Каевски зборуваше за соработката меѓу АМС и младинските организации, процесите поврзани со Регионалната канцеларија за соработка на млади (RYCO), како и заклучоците од Форумот за млади кој се одржа во Трст, Италија.

“Сакам да ме гледате како ваш другар и пријател. Заедно да градиме мостови на соработка со цел намалување на младинската невработеност и подигнување на стандардот на младите. Започнуваме да градиме партнерски однос со младите, нагласи Каевски.

Тој ја потенцираше нетранспарентната постапка во врска со изборот на македонскиот претставник во Управниот одбор на RYCO. По увидот во јавно достапните информации може да се видат нерегуларности, кадешто неактивни младински организации учествувале во работната група за избор на македонскиот претставник за RYCO. Отворена е можноста за поставување на привремен претставник и повторување на постапката, со цел Македонија да учествува во проектите на RYCO кои започнуваат од септември.

Во завршниот дел Каевски се осврна на препораките од Форумот за млади во Трст кои се однесуваат на претприемништвото на млади и учеството на младите во процесот на донесување одлуки.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …