недела , 24 септември 2017
alkos

Како алкохолот ги брише спомените?

Научници од Медицинската школа при Универзитетот на Вашингтон во Сент Луис успеаја да го објаснат начинот на којшто алкохолот делува и што се случува со мозокот тогаш кога човек не може да се сети на одреден период – таканаречените „дупки во меморијата”.

Истражувањето открива нова светлина врз „надреалниот“ период, кога можеме да танцуваме цела ноќ, да водиме разговори или пак, „да го растуриме“ караоке подиумот, но потоа, следното утро да не помниме ништо.

Алкохолот има сериозно влијание врз нашиот мозок. Истражувањето покажува дека големо количество алкохол пречи во работата на клучните рецептори во хипокампусот, главниот центар за помнење, а влијае и на врските меѓу мозочните клетки.

– Всушност, големите дози од алкохол не ги убиваат мозочни клетки, туку ги издвојуваат состојките, што му пречи на мозокот да создаде спомени. Така, при висок степен на алкохолизираност, луѓето не помнат што правеле претходната вечер, објаснува доктор Чарлс Ф. Зорумски, професор на Универзитетот.

Сепак, тоа дека алкохолот не убива мозочни клетки, не е аргумент во корист на пиење без мерка.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …