вторник , 26 септември 2017
Катерина Блажевска
Катерина Блажевска

Како Белорусија

Катерина Блажевска

Европските вредности, на кои македонскиот премиер Никола Груевски се повикува кога е во странство, прво треба да ги спроведе во домашната практиката, велат аналитичари и дипломати, пишува Радио Дојче Веле.

Додека Груевски во Мадрид зборуваше за приврзаност кон европските вредности, европскиот олеснувач во преговорите за излез од македонската политичка и институционала криза, Питер Ванхауте, вчера ја даде последната опомена: Ако до крајот на викендот нема договор, нема да има ни избори. Македонија ќе биде во изолација, а нејзините реалции со ЕК ќе бидат сведени на односите што ги има Белорусија! Тој не потврди ниту демантира дали ќе има замрзнување на сметки на конкретни функционери, но порача дека искуството покажало оти тоа е ефикасна мерка. Ванхауте потенцира и дека законот за „бомбите“ мора да биде во согласност со европските стандарди и дека новинарите не смее да се казнуваат затоа што го почитуваат јавниот интерес, односно, дека мора да објавуваат материјали кои покажуваат криминал во работата на избраните функционери.

Домашни аналитичари велат дека не е првпат македонски функционери да се „колнат“ во ЕУ и европски вредности, додека секој ден преку нивните политики и преку контролираните медиуми постојано ги омаловажуваат европските напори за демократизација на Македонија, нарекувајќи ги „обид за мешање во внатрешните работи“ или „атак врз суверенитетот“.

„Ако некој се повикува на европските практики и вредности, приврзаноста кон нив мора да ја покаже и во практика. Не може да се држи говор за европски стандарди, а да се предлагаат закони кои се во драматична спротивност со истите тие стандарди. Не може да се тврди дека се спроведуваат длабоки реформи, ако тие со години ‘се спроведуваат’ само на хартија, а кога треба да се имплементираат, да се прават секакви опструкции за тоа да не успее. Таканаречени ‘европски говори’ од лица од неевропски формат се врв на лицемерие и цинизам“, вели политикологот Горан Јовановски.

Дипломати со кои разговараше ДВ, очекуваат “европските вредности да не останат само во говорите, туку да фатат корен во земјата“. Други сметаат дека е убаво да се слушне од кој било премиер на тлото на Европа, дека неговата земја живее и работи за европските вредности.

„Ако некои лидери ги докажале европските вредности преку функционални институции и закони, преку градење непартизирано општество, непартизирано судство, економски и медиумски слободи, почитување на правата на граѓаните и ако на власт дошле преку фер изборен процес, тогаш мора да станува збор за многу среќни, просперитетни и развојни општества, кои во своето досие немаат, ниту може да создадат причина за конфликти или кризи, заради кои потоа би им била потребна медијаторска помош од ЕУ“, вели соговорникот.

Нема план Б

Но, зад луцидната воздржаност, дипломатите се едногласни во ставот дека Договорот од 2 јуни/15 јули треба итно да се спроведе, за да се спречи Македонија да влезе во фаза од која ќе биде многу тешко повторно да се врати на европскиот колосек. И додека ЕУ, според Ванхауте, засега нема план Б, освен напори Договорот да се врати во живот, на домашнwww.dw.com/mk/од-груевски-се-бара-европска-политика-а-не-додворување-на-европска-десница/a-18798756ата сцена веќе се вртат многу алтернативни сценарија. Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов предлага партиите во парламентот да се согласат заеднички да се распушти оваа влада и да се формира преодна, која во рок од 60 дена ќе организира избори. Но, тоа, според експертите, би значело дека на избори ќе се оди со непрочистен избирачки список, бидејќи е краток рокот за елиминирање на сите девијации кои досега ја компромитираа регуларноста на изборите. Според поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, треба да се направи обид за формирање ново парламентарно мнозинство кое ќе го исфрли Груевски од игра. Оваа идеја ја застапуваат повеќе политичари, но засега не е извесно дали коалицискиот партнер ДУИ би се решил на таков потег, со оглед на „долгото заедничко минато“ со ВМРО-ДПМНЕ, што резултира со условен однос во кој „секој знае многу за другиот“.

Според Ванхауте, решението не е во такви математики. „Проблемот не е една партија да се замени со друга. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени“, вели Ванхауте. Решението има едно име: Реформи, реформи и само реформи.

Целата анализа на Катерина Блажевска прочитајте ја тука

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …