вторник , 26 септември 2017
administracija

Како бирократијата ги уништува фирмите?

administracija
Дека хрватската администрација сака да се изживува над сите кои се обидуваат нешто да работат, веќе одамна е познато.

Кафулињата се затвораат поради неколку куни вишок во касите, на фирмите се изречуваат драконски казни поради најмали пропусти, па сите кои можат, го селат својот бизнис во странство, за да можат конечно да се посветат на работата, наместо да се плашат кога и поради што некаков државен инспектор ќе им упропасти се, бидејќи работата му е „нешто да најде‟ и да наплати казна.

Кога критериумите, кои ги применуваат граѓаните кои покренуваат дејност, би важеле и за државната администрација, веќе одамна сите би добиле отказ, а би останале и без имотот поради казни кои треба да ги платат.

Младиот претприемач Кристијан Глибо за Индекс ја раскажа својата приказна за борбата со хрватската администрација. Како и многу други и тој веројатно во иднина ќе заврши во странство, некаде каде системот им служи на граѓаните, а не обратно.

„Се впуштив во борба во овој смет, да изградам кариера за себе‟

„Имам 24 години и се впуштив во борба тука во овој смет за да пробам да изградам своја кариера. Без никаков поттик, само со кредит за две години покренав семејна фирма која имаше милионски промет минатата година и вработив 5 луѓе, а до крајот на годината стана франшиза и покренав нејзино ширење. Сега во овие месеци и втора фирма е на нозе за извоз на софтвер‟, вели Глибо.

Неговите проблеми почнале откако трудовата инспекција го земала на удар, која тврдела дека имаат непријавен работник.

„Трудова инспекција ми дојде во редовна контрола од 07.05.2015 година, но бидејќи сите документи редовно ги држев според прописите, немавме причини за загриженост. Данокот, пријавите, работното време и сите беа водени така како што бара законот. Инспекторот направи свој записник и рече дека ќе останеме во контакт. По неколку дена добивме покана од него да дојдеме на потпис за записникот. Не ни претпоставувавме што се случува во позадина. Инспекторот не дочека со приказна дека наш работник не е пријавен и дека против нас оди казнена пријава за 21.05.2015 и за 15 дена да платиме 30.000 куни казна. Затекнати од тоа, побаравме состанок со шефицата во понеделникот на 18.05.2015 година, за да видиме за што се работи, бидејќи ние нашиот работник го пријавивме‟, вели Глибо.

Системот е-пензиско не комуницира со корисниците

Инаку, работникот е пријавен преку системот е-пензиско. Но, проблемот настана бидејќи при оваа пријава неместо „физичко лице‟ бидејќи се работеше за обртот, сме внеле „правно лице‟. Но, системот поптишал потврда и не ги предупредил на никаква грешка.

„Во меѓувреме ја контактиравме ХЗМО да побараме увид поради што пријавата не е одбиена бидејќи не добивме никакво обавестување. Не упатија да погледнеме во архивата на е-пензискиот систем и да видиме што е назначено таму. Системот имал грешка и се уште ја има, ни дозволи да внесеме дека во нашата пријава стои за правно лице, а не за физичко. Системот таа потврда ја потпишал и испратил без никаква проверка и предупредување да укаже дека погрешно сме направиле. И покрај сето тоа, комуникацијата мешу системот и корисниците е никаква, не постои и не предупредува дека нешто погрешно се случило со работникот. ХЗМО е свесен дека има многу пријави со грешки. Од ХЗМО не замолија службено да пратиме допис до правно техничката служба, бидејќи открија дека има многу пријави кои имаат грешки но никој не ги поправа бидејќи очигледно е дека луѓето не примаат обавестување. Исто така добивме образложение дека ние не сме го прекршиле законот и ретроактивно го пријавија работникот на 01.05.2015, кога работникот и требало да биде пријавен. Ние нашата пријава ја пративме на 30.04.2015 година во законски предвидениот рок за пријава на работници, а корекцијата на пријавата се врзува на првата испратена. Законски рок за корекција во овој момент не постои! ‟, вели Глибо.

Иако во ХЗМО се помина релативно добро и Глибо бил убеден дека проблемот е решен, на сцена стапуваат „големите сили‟ на Инспекторатот за труд.

„Дојде во понеделникот, мислевме дека се ќе биде во ред бидејќи очигледно е дека не сме го прекршиле законот и од трите подружници на ХЗМО ни беше кажано дека е грешка и дека тоа се случува, но да не се грижиме околу тоа. Дојдовме во трудовата инспекција каде не прими шефицата и инспекторите и веднаш се виде дека нешто не е во ред. Покренавме дискусија и објаснивме дека сме добиле одговор од ХЗМО кои од нас бараа да доставиме документи, и дека нема да бидеме казнети. Кога ги изнесовме фактите и потврдивме дека не се во право, ни беше кажано следново: Ние не сакаме да се мешаме во работата на пензискиот систем‟.

Шефицата: Да, очигледно е дека е грешка и тоа сега се фрла на ваш грб

Останавме во целост затекнати, но продолживме понатаму и рековме дека пензиско се изјасни и дека системот има грешка и дека нема валидација за такви работи, дека исто така тоа не е казниво, на што шефицата одговори: – Да, очигледно е дека е грешка и тоа сега се фрла на ваш грб.

„Со преземање на сертификатот вие сте се согласиле на сите упатства и придржување на истите за е-пензиско‟, вели Глибо.

Инспекторатот остана при казната од 30.000 куни, а Глибо продолжил со својата борба.

„Заминавме и го преспавме цел ден, па ја продолживме борбата. Се јавивме до инспекторатот за труд во Загреб каде инспекторката по неколку реченици кои ги изнесов и ги најдов во законите, ладно ја спушти слушалката. Повеќе не знаев што да правам и почнав да го читам законот и повторно да се јавувам во пензиско да видам дали постои законска одредба за исправка или доработка на е-пријава, и види чудо, такво нешто не постои!‟, вели Глибо.

Во службените белешки на ХЗМО стои:

Пријавата е испратена во рок од 24 часа, но по три дена е одбиена од страна на Заводот. Морам да испратам нова пријава со поправени податоци. Дали ќе направам прекршок?

Не. Водејќи сметка за такви ситуации овозможивме испраќање на корекции на пријави. Ако пријавата биде одбиена, можно е да се прати корекција на пријавата. Од прегледот на пријавата треба да се кликне на икона за генерирање на корекција на пријавата. Со клик на линкот ќе се генерира пријава со нов идентификатор, но ќе ги повлече сите податоци од одбиената пријава. Исто така, пријавата ќе содржи и податок за поврзаност со оригиналната пријава која е одбиена. Доволно е само да ги измените податоците кои биле погрешни, да ја потпишете и да ја испратите таквата пријава. Поврзницата на одбиената пријава е доказ дека оригиналната пријава сте ја предале во законски рок.

„Каква е оваа држава во која институциите не знаат дали сме направиле прекршок или не?‟

Како што во Хрватска веќе е вообичаено, сега повеќе ни институциите не знаат да ги толкуваат сопствените закони и почнува проблемот.

„Јасно се гледа дека Инспекторатот за труд не ги почитува законите и ги побива упатите на ХЗМО, а тие се основа за работа по пат на платформата е-пензиско, која исто така е во фаза на прилагодување и поправка на грешки. По сето тоа ангажиравме и адвокат, кој е поранешен инспектор за труд. Во соработка со него успеавме да напишеме допис и да го пратиме до претставништвото во Загреб. Од неговото искуство и преглед на законот уште еднаш утврдивме дека заонска одредба за корекција на пријава повторно не постои! Почнавме да бараме повторно одговор од фондот за пензиско, бидејќи тоа ќе ни беше доволен доказ дека според нивното упатство и според тоа што би го изнеле тие, да го поништиме решението. Со целодневно јавување успеавме да го добиеме пензиско. Да биде работата подобра, никој не успеал да добие одговор. Па јас се прашувам каква е оваа правна држава чии институции не можат да кажат дали според член, закон или ставка, сме направиле прекршок или не? Како е можно од нас да се бара нешто што ни тие самите не знаат дали е правно регулирано и на кој начин?‟, се прашува Глибо.

На казната од 30.000 куни, стигнуваат уште 50.000

Колегите заклучија дека Глибо не е во право и мора да плати 30.000 куни за да избегне блокирање на фирма.

„По колегиумот сепак рок за исправка постои! Работата да биде полоша, ако гледаме од правна страна и се согласиме со тоа, тогаш системот треба да ја блокира корекцијата, па од нас да побара нова пријава, но тоа НЕ го направи, па ние својот работник без оглед на нивната законска одредба од 24 часа, преку системот нормално го пријавивме по пат на корекција со датум 30.04.

Инспекторот за труд поради колегиумот го пропуштил рокот за печатење во 10:10 часот, но кога добил зелено светло не принуди во 14:55 со акцент дека се работи до три бидејќи е петок, да ги уплатиме парите или тој ќе дојде да ја запечати фирмата. Уплативме бидејќи не можевме да дозволиме затварање‟, рече Глибо.

Но, по сето тоа, добиле обавестување дека против нив се покренува и прекршочна постапка и дека можат да очекуваат дополнителна казна до 50.000 куни.

„Мојата компанија работи, перспективна е и се снајдовме во морето од сето ова, но еве сега доаѓа државна институција која на здрава фирма која нема даночен долг, која исплаќа плати, сакаат да и стават крај и да ја изгасат со оваа казна‟, заклучи Глибо.

Индекс испрати прашање до ХЗМО за проблемите за системот на е-пензиско, но до објавата на текстот не стигна одговор.

Индекс – Загреб

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …