вторник , 26 септември 2017
herpes

Како да го излечите херпесот?

herpes
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со оваа непријатна појава. Прво чешање, потоа појава на меурчиња и на крај раничка…

Како да се ослободите од болниот херпес?

Херпесот на устата најчесто е предизвикан од вируси, па покрај антивирусните препарати, за негово лечење може да ви помогнат и следниве народни рецепти:

1. Сварете 100ml вода, додајте 1 лажица сода бикарбона, промешајте и тргнете од рингла. Во растворот ставете памук и неколку пати правете облоги.

2. Во брзото лечење на херпесот може да ви помогне и солта. Потребно е само да нанесете мала количина сол на болното место. Оставете да делува, исплакнете, па повторете уште неколку пати во текот на денот.

3. Тенката обвивка која се наоѓа на внатрешната страна од лушпата од јајцето е одлично против воспалително средство. Треба само да ја одвоите обвивката и да ја ставите на болниот дел. Резултатите за кратко ќе ве израдуваат.

4. Белиот лук е моќно антивирусно средство, па затоа од него направете еден домашен лек. Истолчете или исечкајте ситно 2 чешниња лук, помешајте со 1 лажица павлака, 1 лажица брашно и 1 лажица мед. Ќе добиете супер маст против херпес со која треба редовно да го премачкувате болното место.

5. Етеричното масло од ела или чајно дрво исто така може да ви помогне во борбата. Се препорачуваат по неколку капки на секои 2 часа. Можно е благо пецкање, но по 2 дена ќе бидете позитивно зачудени од резултатите.

6. Капките прополис ја лечат и дезинфицираат раната. Затоа, препорачливо е обилно мачкање на херпесот неколку пати дневно. Потоа, задолжително нанесете слој крема од камилица или невен за да не се формира кора. По 2-3 часа повторете ја постапката.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …