среда , 18 октомври 2017
kampanja-glasanje

Кандидатските листи некомплетни поради крах на системот во Кривичен

Рокот за објавување на кандидатските листи за претстојните локални избори е пробиен поради пад на АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1. Државната изборна комисија се’ уште не може да ги потврди кандидатските листи бидејќи тие не се комплетни. За околу 200 кандидати недостасува еден документ, а тоа е потврда за неосудуваност, што го издава Основниот суд Скопје 1. Причината, според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, е тоа што АКМИС систем во Кривичниот суд не бил во функција веќе неколку денови. Во ДИК велат дека од Судот добиле известување дека потврдите ќе бидат издадени веднаш штом компјутерскиот систем ќе биде во функција.

Предмалку со соопштение се огласи Основниот суд Скопје 1, од каде велат дека денеска во 11 часот проблемот е отстранет.

„Во однос на наводите дека АКМИС системот за управување со судски предмети не функционира и Основниот суд Скопје 1 – Скопје не може да издава Уверенија од казнена и кривична евиденција, ја известуваме јавноста дека во петок, 15.09.2017 година во попладенвните часови, е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11:00 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на Уверенијата од казнена и кривична евиденција“, целат од Кривичниот суд.

Рокот за поднесување на кандидатските листи измина на полноќ на 14. септември, по што Општинските изборни комисии имаа рок од 48 часа да ги проверат и потврдат, кој рок сега е пробиен.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.