понеделник , 25 септември 2017
kapital otseluvanje

КАПИТАЛ: Уште 20.562 македонци си заминаа за една година, досега отселени над 600.000 ЛУЃЕ!

kapital otseluvanje
Гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија, пишува КАПИТАЛ.

Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, надминува 600 илјади луѓе. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции. Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова во една студија за Европската Комисија докажа дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка, и со тоа достигнува 544 илјади луѓе. Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до бројка што остава со „подзината уста“.

Дека трендот на масовно иселување не запира предупреди и Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот. Аналитичарите на оваа меѓународна финансиска институција се загрижени што годинава бројот на граѓани што бараат азил во Германија е всушност три пати поголем од лани што навестува дека емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. За шест месеци, дури 6.704 Македонци побарале азил во Германија. Од сите земји во регионот, бројот на оние што бараат азил во Германија достигнува 78 илјади луѓе.

Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во Германија се рангирани на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни.

„Регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка.

Во овој Извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини.

Причитајте повеќе тука.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …