понеделник , 25 септември 2017
indira-kastratovic-1-624x464

Кастратовиќ: Натпреварот со Ѓер клучен

indira-kastratovic-1-624x464
Женскиот ракометен шампион на Македонија, тимот на Вардар в сабота го очекува дуел со Ѓер за кој тренерот Индира Кастратовиќ смета дека е клучен во групата од Лигата на шампионите.

– Со нетрпение го чекаме натпреварот против Ѓер кој ќе биде клучен во нашата група.Мислам дека Ѓер е главниот конкурент на Вардар во оваа група, а дополнително е тешко тоа што ова е прв натпревар, секогаш првиот е најтежок. Ете мораше да биде со Ѓер и среќа што го играме на домашен терен и јас најискрено се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да нѐ бодри, изјави Кастратовиќ за клупската веб страна.

Заедно со Вардар и Ѓер во групата Ц се уште Хипо и Митјиланд.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …