четврток , 19 октомври 2017
katanec-701x526

Катанец поднесе оставка на телевизија

Несреќниот пораз од Англија (0:1) на Вембли во Лондон на коло до крајот на квалификацискот циклус ја остави Словенија без пласман на Светското првенство. Словенците до 94. минута имаа 0:0, кога Хари Кејн го постигна единствениот гол на натпреварот.

Покрај тоа што останаа без пласман на Мундијалот, Словенците останаа и без селектор. Среќко Катанец, кој со Словенија избори историски пласман најпрвин на Европското првенство во 2000, а потоа и на Светското првенство во 2002 година, по поразот од Англија оставката ја поднесе во изјава за државната телевизија.

„Гледам светла иднина за оваа репрезентација, но без Среќко Катанец. Натпреварот против Шкотска в недела ќе биде мојот последен на клупата на Словенија“, рекол Катанец.

За разлика од својот прв мандат како селектор на Словенија, кој заврши по караницата со тогаш првата ѕвезда во тимот Златко Захович, кога тој упати тешки навреди кон Катанец поради неговото хрватско потекло, селекторот сега заминува со крената глава.

„Им реков на момците во соблекувалната да бидат горди, играа совршено и не заслужија ваков пораз. Доколку го немавме притисокот да победиме, ќе извршев измени. Според мене, ова не е пораз, ова е победа. Фудбалот понекогаш е брутален. Морам да кажам дека тактички ова е еден од нашите најдобри натпревари. Играчите заслужија полн стадион в недела против Шкотска“, дополнил Катанец.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …