вторник , 26 септември 2017
katicajanevazahugo

Катица Јанева за Призма: Има заштитени сведоци, не е точно дека сум се сретнала со Мијалков

katicajanevazahugo
Во интервју за Призма, специјалната јавна обвинителка потрвдува дека одредени лица се подготвени да бидат соработници на правдата, т.н. заштитени сведоци, за содржините што произлегуваат од следењето на комуникациите

„Да, точно е, но во овој момент не можам да зборувам за тоа, бидејќи прво треба да ги примиме сите пријави, предмети, да видиме во која фаза се, и кои сѐ лица би соработувале со правдата“, вели Јанева за Призма.

Од нејзиниот избор до денес, тврди дека немала никакви притисоци, интервенции, „пријателски поздрави“ или „случајни средби“, како наводната со Сашо Мијалков, за која пишуваа медиумите.

„Ноќното излегување не е типично за мене. Кој ме познава ќе го потврди тоа. Можете да ме најде во 5 часот наутро како работам или да ме сретнете да пешачам, но никогаш нема да ме видите по полноќ во угостителски објекти. Не го познавам Мијалков и не е точно дека сум се сретнала со него.“

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …