понеделник , 23 октомври 2017
collage-karadzovski-nedelkova

Ќе му се нацртам на Караџовски на седница иако не ме покани, вели претседателката на врховниот суд Неделкова

Судскиот совет уште не ѝ пратил покана на претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова за седницата в среда, на која, како што соопшти, зад затворени врати ќе врши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев, но и на Неделкова, која е кандидат за втор претседателски мандат на највисокиот суд.

Неделкова е член на Судскиот совет и по закон таа учествува во работата и во одлучувањето на Советот.

 “Судскиот совет уште не ме поканил. Ако повторно не примам покана за седница на Судскиот совет, јас таму ќе се нацртам в среда, бидејќи прочитав дека ќе има. Како што видов на веб-страната на Судскиот совет, темите за расправа се мошне интересни“.

Таа вели дека за време на нејзиното 4-годишно членување во Судскиот совет немало вонредно оценување на кандидати за претседатели на судови, што уште повеќе ја прави оваа седница интересна за неа.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …