петок , 22 септември 2017
john_kerry_syria_nt_130830_16x9_992-685x320-685x320

Кери: Наскоро мултилатерална средба за сирискиот конфликт

john_kerry_syria_nt_130830_16x9_992-685x320-685x320Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека во најскоро време ќе има средба со претставници на властите на Русија, Саудиска Арабија, Турција и на Јордан за разгледување на сириската криза. Кери кој е во посета на Шпанија го изјави тоа на заедничка прес конференција со шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо.

Москва го анализира предлогот на Кери за средба за Сирија, наведуваат руски дипломати во изјава за западни медиуми.

Кери вели дека САД се обидуваат да избегнат целосно уништување на Сирија со сите евентуални последици од таков потег за регионот и дополнителен миграциски бран.

– Нивото на имиграцијата во Европа е опасно и на европа и е тешко да ги прифати сите тие мигранти, нагласи тој.

Државниот американски секретар повторно наведе дека со воените акции во Сирија, Русија сака да ја задржи власта на Башар Асад.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …