вторник , 26 септември 2017
keri-s

Кери: Сѐ уште е можен пробив во преговорите за Сирија

Пробивот во преговорите за прекин на конфликтот во Сирија се уште е можен пред крајот на мандатот на претседателот Обама, изјави државниот секретар на САД Џон Кери, пренесува ДПА.

Според него пробив може да биде постигнат, под услов Русија, Иран, како и режимот на претседателот Башар ал Асад, се подготвени да прифатат разумен пристап.

Според зборовите на Кери, САД и партнерите остануваат посветени на мултилатералните преговори со Русија, Иран, Саудиска Арабија, Турција и други земји кои се обидуваат да најдат начин да се стави крај на хуманитарната катастрофа во Алепо и на самата војна.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …