вторник , 26 септември 2017
dnevnik utrinski

Керим и Петрески виновници-денеска згаснуваат „Утрински весник“ и „Вест“

Денеска е последниот ден на весниците „Утрински весник “ и „Вест“.

„Утрински весник“ згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по 17 години.

„Со пари во шише“, така новинарите од двата весника, симболично на мирен собир го одбележаа затворањето на весниците, алудирајќи на аферата со 750-те илјади евра во шише најдени кај шоферот на Срѓан Керим на унгарската граница.

Според новинарите вината е кај лошите манаџирања на Срѓан Керим и на уредничкиот тим на „Вест“, предводен од Горан Петрески.

„Медиа принт ДООЕЛ“ – фирма ќерка на „Медиа принт Македонија“ објави огласи за вработување на 55 новинари.

Според досегашните информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.

Фирмата МПМ ќе оди под стечај. Во моментов има вкупно 230 вработени новинари, новинарски работници, технички служби. Од нив во новата фирма ќе одат само 113 вработени.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …