недела , 22 октомври 2017
Tomislav Kezarovski Archive Photo2

Кежаровски до Заев: Посетете ги ќелиите во Шутка, јас молев за да ме префрлат во Идризово

Ви сугерирам час поскоро да ги видите и ќелиите во притворот во Шутка, јас молев да ме префрлат во Идризово, зашто верувајте, таму е подобро, порача новинарот Томислав Кежаровски, по денешната изјава на премиерот Заев дека се срами што е премиер на земја со катастрофали услови во затворите, откако тој го посети затворот Идризово.

„Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот во Идризово и уште повеќе најавата за Законот за амнестија… Но Ви сугерирам час поскоро да ги видите ќелиите во притворот во Шутка. Да Ви ги отворат вратите од Ц-14, Ц19, Ц-28…Оти таму, Ве уверувам е полошо од каде и да е… Немав привилегија да бидам во тие попространите ќелии, бо новиот дел. Во „Ц“ се сите кои требаше да бидат „скршени“…Некои попуштија пред притисоците и се спогодуваа со државата или кодошеа, некои оспатанаа доселдни до Законот на молчењето. Се гордеам, не затоа што бев во затвро, туку затоа што припаѓам на овие вторите. Молев, верувајте ми , после изрекувањето на пресудата да ме префрлат во Идризово, затоа што таму е подобро. Има сведоци за тоа. Докторот, психијатарот, чинам се уште е таму, прашајте го. Седев пред негои со допрени дланки како Господ го премолував да ми даде „препорака“ за во Идризово. За возврат му велев дека пред него ќе ги искинам сите докази што ги имама кои ја потврдуваат мојата невиност… Песна се слушаше од ќелиите само во два случаја, или ако ти почнува судењето (оти така ќе те носат таму од судница и назад и ќе можеш да видиш малку од светот) или ако ти стаса решение дека те носта на издржаување на казната во Идризово. Ете толку г-не Заев се лоши условите во притворот во Шутка, во озлогласениот „Ц“ ходник“, напиша Кежаровски.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …