вторник , 26 септември 2017
juznokineskomore

Кина предложи заеднички маневри на земјите од АСЕАН во Јужно Кинеско Море

juznokineskomoreКинескиот министер за одбрана Чан Ванцијан на денешната средба во Пекинг со своите колеги од АСЕАН – Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија, зазеде посмирен тон, подвлекувајќи дека сите тие треба да работат заедно и напорно за зацврстување на мирот и регионалната стабилност, пренесоа британските медиуми.

– Актуелната регионалната ситуација во целина е стабилна, но има очигледни економски фактори кои покажуваат влошување, а засилување на нетрадиционалните безбедносни предизвици, посочи министерот пред 10-те свои колеги на почетокот на денешната средба.

Според него, надворешни сили ги користат интернетот, социјалните медиуми и другите средства за да ги поттикнуваат земјите од регионот, заканувајќи и се на социјалната стабилност, конкретно споменувајќи ги заканите од терористичките групи.

Британските медиуми потсетуваат дека Пекинг има загегнати односи со неколку земји од југоисточна Азија, посебно со Виетнам и Филипините, пред се, заради агресивниот кинески пристап при соопштувањето на своите територијални претензии кон спорните острови во Јужно Кинексо Море. Чан на отворањето на министерската средба , додека репортерите беа уште во салата,не го спомена ова прашање.

Подоцна кинеското Министерство за одбрана, на својот сајт, соопшти дека министерот предложил следната година да се одржат заеднички вежби на земјите од АСЕАН во Јужно Кинеско море.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …