петок , 22 септември 2017
kino-sala

Кинотека на Македонија ќе го одбележи светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО

kino-sala
По повод 27 октомври, Светскиот ден на на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО, во вторник во 12 часот, Кинотека на Македонија свечено ќе ја пушти во употреба новата дигитална опрема за прикажување филмови и ќе додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј, 60 годишни на филмски платно.

Имајќи предвид дека една од основните дејности на Кинотеката на Македонија е заштитата на аудиовизуелните добра, а во чекор со новите технолгии, дигитализација претставува дел од светските трендови за заштита и презентација на филмското наслество. Во таа насока годинешниот слоган за одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е Архивите во ризик: заштита на културниот идентитет во светски рамки. Овој значаен ден за кинотеките ширум светот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи со промоција на дигитализираното кинотечно кино, односно опремувањето на киното со дигитален проектор (DCP) со што ќе се овозможи соодветна презентација на новите филмски остварувања од домашната и светска продукција како и на аудиовизуелниот материјал кој кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство, велат од Кинотека на Македонија.

Исто така на овој ден Кинотеката на Македонија ќе му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод неговиот јубилеј: 60 годишни на филмски платно. Семејството Рубен, на Кинотеката на Македонија го подарија филмски проектор на 9, 5 мм филмска лента ,“Pathé-Baby” кој е произведен во 1920-тите години од страна на познатиот производител Пјер Виктор Континсуза за компанијата „ Pathé”.

Покрај тоа семејството Рубен ја збогати колекцијата на Кинотеката на Македонија со аматерската камера „ Pathé-Baby“ произведена во 1920-тите години која била употребувана за аматерски снимки. Ова надоплнување на кинотечната колекција е уште еден чекор кон зачувување на аудиовизуелното наследство, зашто во споредбата на новата технологија и старите експонати, може да се согледа вредноста на филмското наследство.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …