петок , 22 септември 2017
kiracovski sobranie

Кирацовски: Денеска е празник на демократијата во Собранието

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски од собраниската говорница рече дека денеска е празник на демократијата во Собранието. Тој ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дали повеќе сакаат кримиали или проекти на новата Влада.

– Колегите од ВМРО-ДПМНЕ одлучија и овој празник да им смета. Добро е што влеговте во улогата на опозицијата. Не знам дали е аболиран Заев два пати, но знам дека има две лузни поради вас. Овој начин на ваше владеење ве донесе во опозиција, и којзнае до кога ќе бидете опозиција, рече Кирацовски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека ова не било празник на демократијата бидејќи мандатарот Зоран Заев направил преседани и со слабо мнозинство ќе направел влада.

– Во 2017 година, господине Заев ќе бидете единствениот мандатар кој нема поддршка од мнозинството пратеници македонци во Собранието и на тој народ го ставате народот во опозиција, рече Данев.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …