среда , 18 октомври 2017
kirac

Кирацовски : Никој не смее да ве заплашува и да ве користи за какви било цели и нема да го дозволам тоа!

Сакам да ве информирам за досегашните резултати од акцијата „Пријави притисок за фер избори“, што ја почнав за заштита на администрацијата од предизборни злоупотреби.

На отворената Веб страница до мене пристигнаа пријави од вработени со сериозни информации за политички влијанија, притисоци, заплашувања.

Главно се правени од нивни претпоставени, како што е познато, поставени од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа, ве известувам дека веќе почнав да поднесувам соодветни пријави до Трудовата инспекција, Управната инспекција и до полицијата. Ќе има и кривични пријави!

Со ова јасно ставам до знаење дека никој нема право да го нарушува мирот на вработените во администрацијата и нивното право професионално да си ги извршуваат работните обврски во интерес на граѓаните.

Секој кој направил или ќе направи прекршок, ќе одговара.

Истовремено како што ве информирав се реализираат повеќе директни средби со одговорните лица во повеќе институции на кои што укажувам на нивните обврски, да овозможат професионални услови за работа.

Има институции кои не одговорија на моето барање за средба со раководителите.

За некои од нив имам индиции дека ги злоупотребуваат своите функции за политички цели. Таму планирам да појдам лично, со претходна најава и да укажам на сомнежите што ги имам и на последиците доколку веднаш не престане таквото однесување.

До сите други институции по пошта ќе испратам писма. Тоа се овие, над 1.000 писма што ги праќам, со соодветен допис, летоци и постер во кои што конкретно се наведени правата и обврските на вработените во администрацијата. Секој да знае дека може да биде заштитен!

Јас и мојот тим сме овде да ве заштитиме, вас вработените во јавната и државата администрација и ќе го направиме тоа!

Никој не смее да ве заплашува и да ве користи за какви било цели и нема да го дозволам тоа!

Во Република Македонија мора да има и ќе има и регуларни избори, и слобода и правда за сите

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.