недела , 22 октомври 2017
telmaodstrana-576x320

Кировски: „Телма“ не е на продажба, продолжуваме со исто темпо

telmaodstrana-576x320„Телма не е на продажба“ и менаџментот нема намера да подлегне на политички притисок, велат одговорните во телевизијата откако против сопствениците на ТВ-станицата беше покрената кривична пријава.

МВР ги терети членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Акционерското друштво за промет на нафта и нафтени деривати „Макпетроол“ за злоупотреба на службена положба со што, наводно, ги оштетиле акционерите за околу 6,1 милион евра. Дел од јавноста во ова гледа повторување на сценариото од последните денови на „А1“ телевизија кога настрадаа прво фирмите на сопственикот на телевизијата, за потоа да згасне и медиумот.

-Менаџментот и „Телма“ остануваат верни на својата принципиелна, непристрасна и објективна уредувачка политика и немаат намера да подлегнат на било какви политички притисоци – одговара генералниот менаџер на „Телма“, Атанас Кировски, на ваквите споредби.

Од таму ги негираат шпекулациите во јавноста дека наводно „Макпетрол“ планира да ја продаде телевизијата. Менаџметот на компанијата, вели Кировски, ниту преговара со било кого за продажба, ниту пак има намера да ја продаде.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …