вторник , 26 септември 2017
kolinda-kitarovikj-540x320

Китаровиќ: Во иднина ќе биде потребна „некаква ограда“ на границата

kolinda-kitarovikj-540x320Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ смета дека на државата во иднина ќе и биде потребна „некаква ограда“ на границата и вели дека од самиот почеток на бегалската криза се залага за апсолутна гранична контрола, за што Вооружените сили и полицијаата имаат можности и опрема.

-Би сакала тоа да можеме да го одбегнеме, меѓутоа во иднина јас не гледам како поинаку да се заштитиме, наведе шефицата на државата во интервју за „Јутарњи лист“.

Таа потсети дека е противник на затворањето на официјалните гранични премини, но и наведува дека државата не може да се згрижи за се поголемиот број луѓе и не сака Хрватска да се најде во позиција да влезат поголем број луѓе, а да се затворат границите на соседните држави.

-Мислам дека во иднина ќе ни биде потребна некаква ограда или физичка пречка. Но, немојте тоа да го нарекувате жица. Немојте тоа да го споредувате со една Сребреница или со концентрационите логори, рече Грабар Китаровиќ и укажа дека треба да се биде коректен кон соседите и дека со нив не треба беспотребно да се произведуваат судири.

Претходно, премиерот Зоран Милановиќ ја критикуваше Будимпешта заради кревањето ограда на границата као начин за решавање на бегалската криза.

-Оној кој се оградува од себе прави слепо црево, мисли Милановиќ.

Коментирајќи на посетата на Грабар Китаровиќ на Унгарија и нејзината средба со членовите на Вишеградската четворка, премиерот рече и дека неговата Влада се раководи од духот на политиката што ја заговараат Германија, Австрија и ЕУ.

За хрватската претседателка бегалското прашање е пред се хуманитарно прашање, но, исто така, и прашање на националната безбедност и таа се согласува дека квотите не се решение на проблемот.

Осврнувајќи се на претстојните парламентарни избори во Хрватска, на 8 ноември, Китаровиќ повтори дека одбива било каков и било чиј притисок и наведе дека мандатот ќе му го даде на оној кој ќе ги исполни условите во согласност со Уставот и изборните резултати.

Таа ги отфрли инсинуациите дека учествува во кампања и порача дека како претседателка на државата има одговорност и обврска кон граѓаните кои ја избраа, истовремено водејќи грижа за безбедноста на државата.

-Очигледни се намерите на некои, на различни начини, да ме вовлечат во изборната кампања. Во овој момент, сепак, најважно е политичарите преку своите кампањи на луѓето да им покажат што работеле во изминатите четири години и што имаат во план да направат во следните четири, заклучи Грабар Китаровиќ.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …