вторник , 26 септември 2017
Kleopatra-670x393-670x320

Клеопатра не умрела од каснување на змија

Kleopatra-670x393-670x320Научниците од универзитетот во Манчестер го отфрлија востановениот мит дека египетската кралица Клеопатра умрела откако дозволила да биде касната од змија.

Египтолозите и експертите за змии заедно ја истражувале веродостојноста на оваа легенда дека Клеопатра била убиена од кобра сокриена во кошница со смокви. Змија којашто би била доволно голема за да ја убие кралицата и двете нејзини слугини, не може да ја собере во таква кошница, а покрај тоа многу е контрадикторна и веродостојноста за трите фатални каснувања, заклучиле научниците.

Египетската кралица Клеопатра, којашто починала на 39-годишна возраст во 30 година пред Христа, била владетелка на древниот Египет вмешана во борбата за власт во Римската империја. Приказната за нејзината смрт е популарна легенда пренесувана многу пати па и екранизирана. Од древните римски извори наваму, нејзината смрт често се припишува на каснувањето на отровна змија, којашто кралицата дозвола да ја касне, за да го заврши животот.

Египтологот Џојс Тилдесли и херпетологот Ендрју Греј тврдат дека наводниот виновник – кобрата, едноставно физички е преголема за да може да биде сокриена на начинот на кој тоа е прикажано во легендата. Станува збор за вид змија којшто вообичаено расте до 2,5 метри во должина. Дури и таквата змија да била тајно донесена до Клеопатра, многу е мала веројатноста дека би ја убила кралицата и двете слугинки во толку кусо време.

„Не само што кобрите се преголеми, туку постојат и само 10 отсто можност дека ќе умрете од нејзиното каснувања. Во повеќето случаи нејзиното каснување е ‘суво’ и не испушта отров“, вели Греј.

„Тоа, сепак, не значи дека кобрата е безопасна. Доколку го пушти отровот, сигурно ќе умрете, но релативно бавно. Тие со отровот се користат во самоодбрана и го чуваат. Затоа, речиси е невозможно дела змијата ќе каснува еден по друг човек“, заклучува Греј.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …