четврток , 19 октомври 2017
hilari-k-r

Клинтон е најубедливиот победник на претседателските избори кој не влегол во Белата куќа

Со милион гласови повеќе од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Хилари Клинтон е најубедливиот победник на претседателските избори кој не влегол во Белата куќа, покажуваат изборните резултати, според кои разликата на крајот би можела да достигне и два милиони гласови.

Заклучно со пребројаните гласови од вторникот вечерта, Клинтон има 61.963.234 гласови, а Трамп 60.961.185, додека на некои изборни места, како на пример во Калифорнија, Јута, Вашингтон и Мичиген, гласовите се уште се пребројуваат.

Според проценките, во Калифорнија, каде Клинтон ја доби довербата на скоро две третини од избирачкото тело, треба да се пребројат уште најмалку три милиони гласови, а во согласност со трендот, два милиона би можеле да му припаднат на губитникот од изборите.

Во Мичиген победникот се уште не е прогласен, а Трамп во моментов има околу девет илјади гласови од Клинтон, со тоа што треба да се пребројат уште околу 150 илјади гласови. Со ваквиот развој на настаните, извесно е дека Клинтон ќе биде најубедливиот победник на претседателските избори кој благодарејќи на американскиот изборен систем, не влегол во Белата куќа.

Ова е петти пат во историјата на САД кандидатот кој освоил повеќе гласови да не стане претседател на САД. Претходно ова се случи во 2000-та година, кога тогашниот кандидат на демократите, Ал Гор беше поуспешен од неговиот противкандидат Џорџ Буш, но по контроверзното пребројување на гласовите од Флорида имаше помалку електорски гласови. / МАКФАКС

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …