понеделник , 25 септември 2017
sisi-egipetskipretsedatel

Коалиција на Сиси ги освои сите мандати во првиот круг на изборите во Египет

sisi-egipetskipretsedatelКоалицијата на партии што го поддржуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, „Од љубов кон Египет“, ги освои сите 60 пратенички места што се избираа во првиот круг на изборите во Египет.

Како што соопшти синоќа Централната изборна комисија, во првиот круг на гласање, одѕивот на избирачите изнесувал 26,5 проценти.

Вториот круг, во кој ќе бидат избрани дополнителен број од вкупно 596-те пратеници во египетскиот Парламент, е закажан за 26 и 27 октомври. Целиот изборен процес во неколку круга ќе трае месец и половина.

Ова се први парламентарни избори во Египет по смената од власта на исламистичкиот претседател Мохамед Морси. од страна на армијата предводена од Ал Сиси

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …