сабота , 21 октомври 2017
pravda-i-promeni

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Изборната кампања ја започнува од Скопје

Под слоганот„НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ РЕЖИМОТ ЌЕ ПАДНЕ“, Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја започне Изборната кампања  во понеделник на 21.11.2016 година од Скопје.
Изборната Програма „ ПРОМЕНИ, ПРАВДА И ПРОГРЕС“, ќе ја презентираат лидерите и носителите на кандидатските листи за пратеници од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА:
Павле Трајанов, носител на првата изборна единица и претседател на Демократски сојуз.
Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица и претседател на Фродем.
Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица.
Слободан Богоевски, носител на четвртата изборна единица.
Александар Делов, носител на петтата изборна единица.
Бранко Мајсторовски, носител на шестата изборна единица.
Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС.
Горан Зафировски, претседател на МОРО-РП.
Кампањата започнува  на 21.11.2016 година (понеделник), во хотел Континентал, Скопје,  со почеток во 17:00 часот,каде се очекува да присуствуваат над илјада членови и симпатизери од партиите од Коалицијата.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.