вторник , 24 октомври 2017
pavle-2

Коалиција за промени и правда ­-ТРЕТ БЛОК ја почна кампањата од Скопје

Со слоганот „Не се плашете, режимот ќе падне!“ Коалицијата за промени и правда – ТРЕТ БЛОК предводена од Демократскиот сојуз од Скопје ја стартуваше изборната кампања.

Според лидерот на ДС, Павле Трајанов и носител на листата во ИЕ 1, партијата и нивните кадри, на дела го покажале патриотизмот уште во 90-­тите години кога, како што рече, ги удриле темелите на државата.

– Тогаш ја испративме ЈНА од Македонија без зрно барут, ги преземавме границите и обезбедивме ефективна власт над целата територија. Тоа се дела! Пред две години најавивме дека мора да има одговорност за раководството на ВМРО – ДПМНЕ, кое државата ја урниса и го ограби народот, а најмладите, најспособните, ги принуди да заминат во странство, рече Трајанов.

Тој пред граѓаните ги презентираше итните економски мерки за стабилизација на економијата, спречување на иселувањето и намалување на сиромаштијата.

Најави зголемување на најниската пензија на 200 евра, и издвојување на 2% од Буџетот за вработување на младите, за, како што рече, да не ја чекат пензијата од своите дедовци и баби или од родителите, туку сами да создават и градат.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …