недела , 22 октомври 2017
vesna-promeni

Коалицијата за промени и правда на средба со граѓаните на Кочани

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица од Коалицијата за промени и правда, Весна Стоименовска денеска на средба со граѓаните на Кочани ја презентираше изборната програма.

Таа рече дека планираат да се формира фонд за поддршка и вработување на младите и креативни кадри со што ќе се обидат да ги задржат младите во државата.

– Од „Коалицијата за промени и правда“ порачуваме дека ќе ги вратиме парите украдени од народот, а ќе ги вратиме и младите, рече Стоименовска, додавајќи дека минималната плата ќе ја зголемат на 300 евра и ќе ги скратат непродуктивните трошоци во Буџетот.

Во поглед на невработените, рече Стоименовска, ќе се фокусираат на реална и максимална поддршка на малите и средни претпријатија со три до пет вработени, бидејќи овие компании, според нив, се стожерот на секоја економски развиена држава.

Таа додаде дека планираат на оризопроизводители да им се даде реална откупна цена, сигурен пласман и субвенции кои навремено ќе се исплаќаат.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …