четврток , 29 јуни 2017
naslovna avto

Кое е најбезбедното и најмалку безбедното место за седење додека патувате?

Кога бираме место за седење при транспорт, најмногу внимаваме на удобноста, а понекогаш и го бираме според погледот кој го нуди.

Но, не заборавајте дека безбедноста е од голема важност, бидејќи има места на кои веројатноста да останете безбедни при евентуална несреќа е значително поголема.

Според бројни истражувања и статистики, ова се најбезбедните и најмалку безбедните места во следниве 6 видови транспорт:

1. Автомобил

Безбедни места: Задните седишта, зад возачот и на средината. Овие седишта се најмалку изложени на ризик.

Опасни места: Совозачкото седиште е најзагрозено при судир.

avtomobili

2. Минибус

Безбедни места: Седиштата свртени наназад. Кај нив е помала веројатноста да се здобијат со удар во главата при кочење.

Опасни места: Треба да се избегнуваат местата во близина на врати и прозорци за намалување на опасноста при кршење на стаклото. Исто така, ризични се и седиштата до возачот.

minibus

3. Градски автобус

Безбедни места: Седиштата на десната страна се побезбедни, особено оние кои се во насока на движењето на автобусот.

Опасни места: Првите два реда се најизложени на опасност поради големата шофершајбна и можноста да се повредат при кршење на стаклото. Исто така високоризични се и седиштата покрај прозорците, како и задните редови при евентуален удар од задната страна.

avtobusii

4. Воз

Безбедни места: Вагоните во средината на композицијата се најбезбедни. Исто така, пожелно е да се избере купе во средишниот дел на вагонот.

Опасни места: Седиштата  кои се во спротивна насока на движењето се повеќе подложни на опасност.

transporti

5. Брод

Безбедни места: Палубата и кабините кои се поблиску до неа се најбезбедни, бидејќи тој дел од бродот последен потонува.

Опасни места: Кабините во долниот дел од бродот, бидејќи водата најпрво го исполнува долниот дел на бродот.

brod

6. Авион

Експертите се уште не можат со сигурност да потврдат кои се најбезбедните места при овој вид на транспорт, но се смета дека седиштата во задниот дел на авионот се побезбедни.

Сепак, најважно од сè, е да бидеме свесни за нашата безбедност и да се однесуваме како што налагаат сообраќајните правила. Во тој случај веројатноста да се случи несреќа ќе се минимизира.

avion

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …