среда , 28 јуни 2017
dzm2-300x300

Кој е Александар Кирацовски, новиот Генерален секретар на СДСМ

Александар Кирацовски ја доби довербата од Зоран Заев за Генерален Секретар на СДСМ.

На ова значајна функција, особено во ситуација кога СДСМ е владејачка партија, доаѓа досегашниот потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Александар Кирацовски за кој се смета дека е од најголема доверба на Зоран Заев.

Една од најзначајните партиски функции во СДСМ ќе ја извршува дипломираниот машински инженер, магистер по менаџмент на човечки ресурси и актуелен постдипломец, на втори постдипломски студии, на економскиот факултет по МБА Менаџмент.

Кирацовски е истакнат досегашен функционер на СДСМ кој својот активитет го започнал од своето полнолетство. Ги поминал сите скалила како претседател на млади, потпретседател на СДММ, потпретседател на СДСМ.

Кирацовски беше дел од преодната Влада како дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, а во моментот е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија.

Александар Кирацовски семеен човек и татко на две малолетни деца, а во минатиот период се докажал во работата со Невладиниот Сектор во делот на развојот на претприемништвото и самовработувањето.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …