понеделник , 23 октомври 2017
sudski

Кој ќе седне на столчето за претседател на Кривичен и Врховен? – Судскиот совет со вонредно оценување

Судскиот совет на затворена седница се очекува да донесе одлука кандидатите на претседател на најголемите судови во државата Кривичниот и Врховниот да поминат вонредна проверка на квалитетите и условите кои треба да ги исполнат за да седнат на првото столче во судовите кои одлучуваат за предмети од организиран криминал и предметите на Специјалното обвинителство. Тема на дискусија ќе бидат и последните случувања во Кривичниот суд, кривичните пријави меѓу судиите, писмото против Панчевски. Советот нема да расправа за инцидентот на судската администрација.

Панчевски, Џолев, Туфегџиќ, Неделкова, кандидатите за претседател на Кривичниот и Врховниот суд ќе одат на вонредно оценување и проверка на нивната работа која ќе ја прави Судскиот совет. Оваа одлука се очекува да биде изгласана на седница во среда на затворена седница за јавноста.

 Вонредното испитување на работата на судиите го предвидува Законот за судски совет, а проверката ќе ги опфати кандидатите за претседатели на Кривичниот, Врховниот и судовите во Тетово и Штип. Седницата ќе биде затворена за јавност бидејќи самото оценување на судии не се врши јавно. Зад затворени врати членовите на судскиот совет ќе дискутираат и за состојбите во Основниот суд еден во Скопје. Повод за оваква невообичаена точна на дневен ред се кривичната пријава и контра кривичната на судијата Иван Џолев и неговиот шеф Владимир Панчевски. Посебно интересна се очекува да биде дискусијата за пријавата против Панчевски од дел од судиите во Кривичен која Советот ја третира како анонимка, оти има само кратки неразбирливи потписи. Советот нема да го покани претседателот Панчевски на седницата,а за инцидентот со судската администрација нема да се расправа оти не е надлежен.

Изборите за претседател ќе бидат веднаш по парламентарните избори. Најмногу интерес меѓу судиите има за кандидатите во Кривичниот суд и Врховниот. Во едниот не се очекува промена, а во другиот суд се лицитира со имиња на скоро избрани судии кои добиваат подршка од македонскиот блок, но и од албанските партии. Овие судови одлучуваат за најтешките форми на криминал и се единствено кои постапуваат по предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …