вторник , 26 септември 2017
kapija

Кој си игра со откупот на црвената пиперка и со земјоделците?

kapijaПо наредба на власта, пунктовите за откуп на црвена пиперка два дена беа затворени. Во општина Кривогаштани работеше само еден откупен пункт во с. Бела Црква.

Причината беше јасна – да има недостаток на пипер на пазарот и да падне откупната цена. Земјоделците не знаеја што да прават со пиперката, немаше каде да ја продаваат па макар и за цена од 6-7 ден/кг. Денес нова состојба – денес е 20 ден/кг за прва и втора класа а 10 ден/кг за трета класа.

Цената се зголеми преку ноќ! Денес цената на пиперката е повисока поради гниење на поплавените ниви. Власта си игра со земјоделците и ја диктира цената по потреба. Изгледа власта не предвиде дека ќе има поплави на нивите со црвена пиперка и дека навистина ќе ја нема. Нивната игра за вештачко намалување на откупната цена им пропадна.

Игрите на оваа власт немаат крај.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …