вторник , 26 септември 2017
bogoeski

Колку пари за отштета бараат Ахмети и Џафери од Богоески?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец, Муса Џафери, кои денеска не се појавија на суд го тужат екс разузнавачот, Слободан Богоески за клевета за неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“.

Богоески кажал дека вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, Ахмети и Џафери.

Како отштета Ахмети бара 3 милиони денари, а Џафери 2.5 милиони денари.

Денешното рочиште е презакажано за 27 јануари.

„Самата тужба за клевата за исказ даден во судска постапка не е дозволена. Сите тоа го знаат, дури и нивните адвокати. И според законите во САД и РМ тоа е казниво како влијание врз сведоци. Ако ова не биде отфрлено ќе поднесеме тужба против нив. Тие ја погрешиле адресата. Познато зошто сето ова го прават. На 7 мај следната година ќе заврши разврската за предметот кој го работат американските истражни власти, а за што било повеќе за тоа што сум изјавил, според законот, не смеам да зборувам“ – вели Богоески.

Тој рече дека ќе покрене кривична постапка против подносителите на тужбата, затоа што согласно американското и македонското законодавство самата тужба за клевета не е дозволена и се смета за влијание врз сведоци.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …