недела , 22 октомври 2017
бајрами-701x526

Комисија на ОЈО ќе го следи изборниот процес

Комисија составена од 5 члена и претседател во рамките на Јавното обвинителство ќе го следи изборниот процес и денот на изборите и доколку има индиции, ќе отвори предмети за изборен прекршок.Евентуални прекршувања во изборната кампања може да пријават граѓани, невладини организации или политички партии на адресата на е-пошта izbori@jorm.gov.mk, рече на денешниот брифинг претседателот на Комисијата, Џелал Бајрами. Комисијата ќе постапува и по допрен глас, а ќе соработува и со полицијата за заедничко расветлување на случаите.

„Комисијата има за задача на дневна основа да ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на локалните избори. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување“, рече Бајрами.

Како што информираше Бајрами, во изборната кампања за предвремените парламентарни избори минатата година Обвинителството отворило 74 предмети при што за 4 од нив има изречено условни казни и еден со казна затвор од две години. Вчерашниот инцидент со кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајарам, не бил пријавен во ОЈО, но како што информираше Бајрами во соработка со МВР, доколу има индиции, случајот соодветно ќе биде процесуиран.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …