среда , 28 јуни 2017
mustspan

Концерт на Македонската филхармонија и пијанистот Оли Мустонен

Македонската филхармонија вечерва, 5 мај, во Домот на АРМ ќе одржи концерт со финскиот пијанист Оли Мустонен.

Концертот е насловен „ББ“, а диригент е маестро Даниел Рајскин од Русија.

Мустонен за македонската публика ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од Бела Барток, последното дело на еден од најпознатите унгарски композитори.

На програмата се и познатата Увертира од операта „Вилијам Тел“ од Џоакино Росини, како и највлијателната симфонија на сите времиња, Петтата симфонија од музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен.

Следејќи ја традицијата на големите мајстори Рахмањинов и Енеску, освен како извонреден пијанист, Мустонен се смета и за врвен диригент и композитор, а за дел од неговите снимки е добитник на престижни награди.

Мустонен постојано настапува и со рецитални програми во сите светски музички метрополи.

Слични написи

соф

Објавена програмата за „Струмица опен фест 2017“

Организаторите на манифестацијата „Струмица опен фест 2017“ ја објавија овогодинешната програма за шестото издание што …