четврток , 19 октомври 2017
Концерт-Кино-Култура

Концерт на македонскиот џез состав „Сетстат“ и Мирко Попов

Во „Кино култура“ утре во 21 часот ќе се одржи концерт на македонскиот џез состав „Сетстат“ и Мирко Попов.

„’Сетстат’ и Мирко Попов е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на „Сетстат’, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на Мирко Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Оваа комбинација веќе има еден заеднички албум зад себе (Се плашам од Македонци, ПМГ Рекордингс 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика“. велат од ПМГ Рекордингс, кои го организираат настанот.

Влезот за концертот е бесплатен.

Концертот во „Кино култура“ е трет и последен во низата од три промотивни концерти реализирани во рамки на програмата „Македонска џез квечерина“, чија реализација е поддржана од Министерство за култура во рамки на програмата „Нов културен бран“.

Концерти се одржаа и во Гевгелија и во Струга.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …