петок , 22 септември 2017
dundek trio

Концерт на „Рундек карго трио“ во МКЦ

dundek trio
Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек во рамки на оф-програмата на 17-тиот Таксират фестивал, ќе одржи концерт на 30 ноември во МКЦ во Скопје.

Некогашниот лидер на култната група „Хаустор“, која беше еден од предводниците на „новиот бран“ од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, со своето „Карго Трио“ се враќа пред македонската публика со промоција на извонредниот и веќе одлично прифатен нов албум „Мостови“.

Со новиот албум, Рундек Карго Трио годинава одржа бројни распродадени концерти ширум целиот регион и Европа, а со оглед на огромниот интерес кој тој го предизвика, групата ја продолжува промотивната турнеја во чии рамки на наше огромно задоволство се наоѓа и Скопје. Секогаш необичниот Рундек, веќе одамна го зацврсти своето реноме на вешт и искусен музичар кој е во состојба да го промени музичкиот пристап на секој нов албум, додека истовремено успева да го задржи својот препознатлив печат.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …