сабота , 23 септември 2017
solzavecparlament-540x320

Косовската опозиција повторно пушти солзавец во парламентот

solzavecparlament-540x320Пратеник од опозицијата во косовскиот парламент денеска пушти солзавец во парламентарната сала, што е втор таков инцидент неделава, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат во посредство на Европската унија.

Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активира граната солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани.

Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …