сабота , 23 септември 2017
Mustafa

Косовскиот премиер бара деблокада на Собранието

MustafaКосовскиот премиер, Иса Мустафа, денеска изјави дека не прифаќа ултиматуми и оти е подготвен за расправа со собранието на Косово за сите прашања, па и за спогодбите постигнати во Брисел.

– Нема ултиматуми затоа што Косово треба да се однесува како држава. Подготвен сум да одговорам во собранието на секое прашање. Исто така, подготвен сум за расправа во собранието за одредени договори – рече Мустафа на седница на владата на Косово.

Мустафа во име на владата изрази жалење поради последните настани во собранието на Косово – фрлањето солзавец, и додаде дена насилството на опозицијата не му служи на народот и оти е нужна деблокада на институцијата.

– Таквото однесување му штети на имиџот на Косово – рече Мустафа.

Опозицијата веќе цел месец ја блокира работата на собранието на Косово, барајќи премиерот да го повлече потписот од договорот со заедницата на општините со српско мнозинство и демаркацијата на граничната линија со Црна Гора.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …