вторник , 26 септември 2017
Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони денари, информираше денеска на прес-конференција директорот Христијан Костов.

Тој додаде дека оваа состојба ја затекнал откако стапил на функција, а долгот бил кон различни фирми, имало неплатени сметки, режиски трошоци како и неплатени казнени камати поради тужби.

– Во некои простории не е направено ништо уште од самото пуштање на болницата во употреба, од 1971 година. Од круцијално значење е интервенцијата кај операционите сали кои со ова темпо на работа на болницата, во догледно време нема да бидат функционални. На годишно ниво се изведуват околу седум илјади оперативни интервенции. Треба да се обноват и амбулантските простории. Тука се опслужуваат околу 250 илјади пациенти годишно – рече Костов.

Како што најави, приоритет во неговата работа ќе биде реконструкција на оперативниот блок и единицата за реанимација, бидејќи таму операциите се одвивале, во како што кажа, субстандардни услови.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …