вторник , 26 септември 2017
Ivo-Kotevski

Котевски: Изјавата на амбасадорите не ја коментираме, нашите ставови се јасни

Ivo-KotevskiВладејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови и нема да ја кометира денешната изјава на амбасадорите кои ги повикаа двете најголеми политички партии да се држат до своите обврски од Договорот во Пржино, изјави за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

– Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и досега во повеќе наврати ги соопштивме. Конечната цел е граѓаните во април да го дадат својот глас за политиката што ја поддржуваат – вели Котевски.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …