вторник , 26 септември 2017
koce-trananovski

Коце ја поништи сопствената одлука „Железарница“ да плаќа за водата од Рашче

koce-trananovskiСе пишмани градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и бара укинување на одлуката претходно донесена од градскиот Совет со која „Железарница“ се обврзува да плаќа минимална цена од 2,54 денари за еден кубик вода. На денешната седница советниците ќе одлучуваат по решението на Трајановски за необјавување на одлуката што Советот ја донесе на 31-ви август. Објаснувањето е несфатливо и на кратко Трајановски одеднаш увиде дека е ненадлежен по ова прашање.

Со претходно донесената одлука се дефинира надоместот на трошоци за обезбедено доведување на вода до „РЖ Услуги“. Цената што „Железарница“ ќе требаше да ја плаќа е десеткратно помала од цената што ја плаќаат граѓаните и приватните субјекти. Скопјани плаќаат 23 денари за еден кубик вода, додека фирмите над 60 денари. Станува збор за чиста изворска вода од Рашче, а не за техничка која ја користат индустриските капацитети.

-Сега признаваат дека бевме во право. Кога се донесе одлуката тврдевме дека не е правно издржана, дури и раководителите на правниот сектор им го посочуваа за тоа. Сега Коце Трајановски не го потпишува решението кое му го предложи на Советот и кое советниците го изгласаа – велат од опозицијата.

Во решението со кое се запира објавување на одлуката, Трајановски вели дека постапува по укажувањето на советниците.

„Градоначалникот на Град Скопје при донесувањето на ова Решение ги имаше во предвид и дискусиите на членовите на Советот на Град Скопје на песесет и втората седница одржана на 31-ви 2015 година“, стои во документот потпишан од градоначалникот.

„РЖ Услуги“ ја користи бесплатно водата од 1997 година. Вкупните трошоци за комплексот „Железарница“ на годишно ниво се проценети на 1,1 милиони евра и опфаќаат не само доведување вода, туку и трошоци за резерви и покривање на ризици.

Опозицијата со години апелираше да се најде решение за овој проблем. Тие бараат „РЖ Услуги“ да ја наплаќа водата што ја користи, но не со помала цена од цената за правни субјекти.

– Ценовникот е генерален, не може парцијален ценовник. Ова нема оправдување, ова е класична кражба. Сопственик на водата може да биде само државата и никој друг, тоа е јавно добро – реагираа од СДСМ.

Но ова не се причините зошто Коце Трајановски ја става вон сила претходно донесената одлука. Накратко тој одеднаш се направи ненадлежен по ова прашање. Во решението со кое се укинува претходната одлука на Советот, се вели дека ценовникот за услуги на ЈП „Водовод и канализација“ е веќе донесен во 2006 година. Нејасно е образложено дека ценовникот е веќе изгласан од Управниот одбор на јавното претпријатие и одобрен од Советот, па од таму Управниот одбор и Советот немаат надлежност да донесат дополнителна одлука која ќе ги дефинира ценита за користење од страна на „РЖ Услуги.“

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …