вторник , 26 септември 2017
V.Kovachevski (1)

Ковачевски: Уште една хаварија во рудникот Суводол

„Во РЕК – Битола повторно дојде до хаварија. Во рудникот Суводол, на одложниот транспортер на багерот „банваген 5.500“, дојде до оштетување на приемната лента, односно до нејзино целосно кинење. Лентата е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски.

Тој информираше дека со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици.

„Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК – Битола е алармнтна. Ваквата состојба со најголемиот енергетски комбинат во Македонија е последица на долгогодишното неодговорно работење на раководствата, кое во изминатите години беше проследено со низа скандали и коруптивни зделки за кои се поведени и бројни кривични постапки“, додаде Ковачевски.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …