среда , 26 јули 2017
kreiraj promeni za gazi baba

Креирај промени, креирај живот во Гази Баба

Координаторот на советничката група на општина Гази Баба, Дарио Николовски на својот ФБ профил ги повика граѓаните на општината да дадат свој придонес во креирањето на програмата за идниот градоначалник од редовите на СДСМ.

“Советничката група на СДСМ заедно со Коалицијата во Советот на Општина Гази Баба ова лето ќе ви го посветат токму вам, граѓаните на Општина Гази Баба. Имено од денес па се до 10-ти септември, ние како советничка група заедно со вас граѓаните на Општина Гази Баба отвораме можност, заедно да ја напишеме програмата на идниот Градоначалник на СДСМ во оваа Општина, под мотото „Креирај промени, креирај живот во Гази Баба”.

Во наредните два месеци кои следат, сакаме интерактивно да комуницираме на неколку начини. Отвораме можност самите вие да ги дадете вашите сугестии, идеи, решенија и дополнително да ни ги соопштите најголемите приоритетни проблеми во вашата населба, на вашата улица или во вашето маало. Програмата на идниот Градоначалник на СДСМ за Општина Гази Баба, ќе биде целосно ваша програма, составена од решенија за вашите реални потреби, за подобар и поквалитетен живот во истата.

Под називот #НапишиЗаГазиБаба ја отвораме можноста преку нашата новоотворена веб страница www.zivotvogazibaba.com да ги пренесете сите ваши мислења и препораки поврзани за обезбедување подобар живот на нашата територија. Истата можност ја отвораме и преку бесплатните мобилни апликации за комуникација, Viber и WhatsApp на телефонскиот број 078-383-383, како и преку e-mail адресата zivotvogazibaba@gmail.com.

Дополнително секоја сабота во временскиот интервал од 11:00 до 14:00 часот, во просториите на Општинската организација на СДСМ во кругот на Општина Гази Баба, ќе може да остварите и директна средба со Координаторот на нашата Советничка група или некој друг советник од истата.

Ве охрабруваме да ни се обратите, да одвоите мал дел од вашето драгоцено време, заедно да ги креираме промените за подобар живот за сите во Гази Баба.”

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …