сабота , 21 октомври 2017
Crystal-Palace

Кристал Палас го отпушти Де Бур

Франк де Бур е првата тренерска жртва во новата сезона во англиската Премиер лига. Холанѓанцот повеќе не е менаџер на Кристал Палас.

Франк де Бур доби отказ на функцијата во Kристал Палас по само четири одиграни натпревари во Премиер лигата. Кристал Палас сè уште е без освоен бод и се наоѓа на претпоследното место на табелата бидејќи има подобра гол разлика од Вест Хем.

Холанѓанецот, според пишувањата на англиските медиуми, би требало да го наследи поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон.

Во првите четири кола Кристал Палас загуби од Хадерсфилд, Ливерпул, Свонси и Барнли.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …