недела , 22 октомври 2017
Benzema-Bale-Ronaldo-1-701x526

Кристијано Роналдо не ги сака Бејл и Бензема во првиот тим

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, повеќе не ги сака во првиот тим Карим Бензема и Герет Бејл, објави „Евроспорт“ повикувајќи се на шпанските медиуми.

Според Кристијано, Бејл, поради проблемите со повредите и физичката подготвеност, не би требало да има загарантирано место во тимот.

Велшанецот во 2013 година пристигна во реал од Тотенхем и се наметна во стартниот тим на Реал, но од јануари годинава тој е во сенка на Иско и Марко Асенсио.

Кристијано Роналдо смета дека овие двајца заслужуваат да бидат стартери кај Зинедин Зидан.

Иско го замени Бејл во вториот дел од сезоната кога Велшанецот имаше проблеми со повредата на листот на ногата и беше еден од клучните играчи на Реал во походот на титулите во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Според шпанските медиуми, Кристијано инсистирал кај Зидан од стартниот тим да биде отстранет и Карим Бензема.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …