вторник , 26 септември 2017
tevez-701x468

Критики за Тевез: Дебел си

Тренерската смена во кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа најлошо влијае врз Карлос Тевез, кој не се наоѓа во плановите на новиот тренер Ву Јингуи.

Ву минатата недела на клупата го наследи Уругваецот Густаво Појети и веднаш изјави дека нема му бидат потребни услугите на Карлос Тевез, кој во клубот неделно заработува 650.000 фунти.

Ву смета дека 33-годишниот Тевез има вишок килограми и дека не заслужува да биде во првиот тим.

„Ќе го известам за своите тактички планови, но во моментов тој не е во моите планови. Тој физички не е подготвен и не може да игра. Дебел е, а истото важи и за Фреди Гуарин. Морам да преземам одговорност за тимот и ирачите. Доколку не сте способни да го дадете најдоброто на теренот, тогаш нема причина да бидете во тимот“, рекол Ву.

Ву дополнил дека во кариерата тренирал многу големи ѕвезди, но дека нивната репутација никогаш не била критериум дали ќе бидат во тимот или не.

Карлос Тевез оваа сезона на 12 натпревари за Шангај има постигнато само два гола.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …