четврток , 19 октомври 2017
osnoven-sud-skopje-1-krivicen-sud-e1400166548658

Кривичен суд го прифати обвинителниот акт за предметот „Триста“

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје го одби приговорот на одбраната на обвинетиот  Ѓоко Поповски во предметот „Триста“ и во целост го прифати обвинителниот акт на СЈО против него.

„Советот за оценка на обвинителен акт, во состав судија Верка Петковска како претседател на совет и судиите Горан Бошевски и Татјана Михајлова, постапувајќи во оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите против обвинетиот Ѓ.П. донесе решение со кое приговорот на одбраната на обвинетиот се одбива како неоснован, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопштија денеска од Судот.

Обвинението, согласно АКМИС – системот, електронски ќе биде распореден на судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување главна расправа по предметот.

Ѓоко Поповски, е обвинет дека како помошник министер во МВР ја злоупотребил службената должност при набавка на 300 полициски возила.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.