недела , 22 октомври 2017
pajak1

Кривична пријава на директорот и раководителот на прилепската пајак служба

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Н. (52) – директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање-Прилеп и против Г.Ј. (41) -раководител на Одделението за паркинзи во ЈП, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавените, во чија надлежност за подрачје на општина Прилеп работи „пајак службата“, од 2008 година до денес не преземале мерки и активности во однос на подготовка и изготвување на конзистентни подзаконски акти и правилници за работа и организација на „пајак службата“ со кои би се воспоставил систем на транспарентност, законитост и контрола на постапувањето на вработените во Јавното претпријатие кои биле задолжени да работат во наведената служба. Притоа, на овој начин, само за периодот од 01.01.2016 до 23.04.2016 година овозможиле во Буџетот на Јавното претпријатие да бидат неевидентирани и ненаплатени парични средства во износ од 384.872 денари за кој износ и го оштетиле Буџетот на ЈП за ПУП-Прилеп.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …