среда , 18 октомври 2017
470340679_1280x720-701x330

Кривична пријава за градоначалникот на Велес за злоупотреба на службената положба

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој е осомничен за незаконско пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од Општина Велес на Општина Чашка, кој веднаш го огласила за продажба со почетна цена 29.745.155 денари.

„Пријавениот С.Ч. (58) од  Велес  го сторил кривичното дело во периодот дури бил претседател на совет на Општина Велес на тој начин што го прекршил деловникот за работа на седница одржана на 11.07.2012 година. Претходно симнатата точка 6 од дневниот ред, поднесена од градоначалникот на општина Чашка – „Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од Општина Велес на Општина Чашка “, побарал по итна постапка повторно да биде вратена на дневниот ред без да ја образложи итноста, иако му било укажано за прекршување на член 61 став 4 од Деловникот за работа на советот“, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека Општина Велес била сопственик на недвижен имот – синдикално одморалиште во с.Горно Врановци, кое било градено со средства на поранешните претпријатија кои работеле на подрачјето на општина Велес, а е евидентиран во имотен лист за катастарска општина Горно Врановци. Во 2004 година, од страна на Комисијата за приватизација на Република Македонија било донесено решение за преземање на деловно средство, по што објектот бил преземен од Комисијата и доделен на стопанисување на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. По судска постапка помеѓу Општина Велес и наведеното јавно претпријатие, на 15.06.2012 година имотот се запишува повторно во сопственост на Општина Велес.

По само една недела од донесувањето одлука, од страна на Општина Чашка до Општина Велес било поднесено барање за донесување одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од Општина Велес на Општина Чашка.

По доставени две ургенции од страна на Општина Чашка за наведеното барање, од страна на С.Ч. било ставено на дневен ред на 62. седница на Советот закажана за 11.07.2012 година и заведена под точка 6. Од страна на членовите на советот присутни на седницата, точката 6 била симната од дневниот ред со гласање од 22 членови.

Спротивно на Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, претседателот С.Ч. веднаш предложил по итна постапка поставување на дневен ред нова точка – Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од Општина Велес на Општина Чашка.

„Притоа, членови на Советот на претседателот  му укажале за свесно кршење на Деловникот. Занемерувајќи го мислењето на одредени членови и наведувајќи дека не се работи за истата точка затоа што сега предлагачот бил друг, тој дозволил расправа по таа точка,  а подоцна и донесување одлука по истата точка. Одлуката во Службен весник на Република Македонија била објавена на 16.07.2012 година“, се вели во МВР.

По донесената одлука за пренесување на правото на сопственост на синдикалното одморалиште Горно Врановци од Општина Велес на Општина Чашка, Општина Чашка веднаш го огласиле за продажба со почетна цена 29.745.155 денари.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.